Одбележување на Денот на крводарителството во Македонија

Од:

Со повеќе активности денеска ќе биде одбележан 17 Март – Денот на крводарителството во Република Македонија.

Во Градскиот трговски центар ќе биде поставен промотивен штанд на кој волонтери од Клубот на крводарители на Црвениот крст на Град Скопје и „Клуб 25“ ќе делат флаери и ќе даваат информации за крводарителството, а медицински лица од Институтот за трансфузиона медицина ќе определуваат крвна група на граѓани.

На овој ден во 1945 година е формиран и Црвениот крст на Република Македонија, кој ќе го одбележи основањето и Денот на крводарителството со пригодни активности како што се тркалезни маси, доделување на признанија на крводарители и предавања во образовни институции за подигнување на свеста кај учесниците за здравствено превентивни и социјални теми.

Би можело да ве интересира

Одбележан Светскиот ден на крводарителството

Ана Ололовска

Крводарителска акција во ГОБ „8 Септември“

Ана Ололовска

Медицинските сестри во фокусот на одбележувањето на 11 септември, Брнз даруваше крв во традиционалната иницијатва со Црве крст- Скопје

Ана Ололовска

Традиционална крводарителка акција во Домот на АРМ по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Ана Ололовска

714 граѓани во јули првпат дарувале крв

Жарко Настоски

Крводарителска акција во Општина Бутел

Ана Ололовска