Одбележување на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членови на делегацијата

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Претседателот Пендаровски положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Претставник на Кабинетот на Претседателот положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Претставник на Кабинетот, како дел од државната делегација, присуствуваше на церемонијата на одбележување на годишнината пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Во Ротимље одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Дваесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Пендаровски на годишнината од смртта на Трајковски

Државнички церемонии во чест за загинатиот претседател Борис Трајковски: Определбите кон соживот, мир и интеграции се и денес пример за храбро и мудро лидерство

Во Струмица одбележана 19-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

Деветнаесет години од смртта на Борис Трајковски

Катерина Ѓуровски