Одбележани 74 години од масакрот на борци во Февруарскиот поход

Од:

Претставници на Општинскиот Сојуз на борци од Велес и на Општина Чашка со положување свежо цвеќе на споменикот во месноста Камила кај Извор денеска одбележаа 74 години од масакрот извршен во февруари 1944 година врз борци – учесници во Февруарскиот поход.

Претседателот на Општинскиот Сојуз на борци Велес Саздо Кицевски рече дека во втората половина на јануари 1944 година бил разработен план за изведување на Февруарскиот поход со задача да се разгори оруженото востание во централниот и источниот дел на Македонија Борците на Првата македонско-косовска ударна бригада имале задача да ги напаѓаат комуникациите Солун-Лерин-Велес-Битола.

Од 31 јануари до 14 февруари 1944 година тргнувајќи од Караџова до Азот во реонот на Велешко, борците во деноноќни борби со фашистичката војска изминале пат од 300 километри. Во текот на борбите во реонот на Азот во крајно тешки зимски услови дел од борците кои биле ранети или заскитани, не можејќи да воспостават врски со главнината на својата единица, биле зарабени од непријателот.

На денешен ден пред 74 години тие борци биле стрелани во месноста Камила кај Извор, Велешко. Во нивна чест е подигнат споменик покрај стариот пат од Велес кон Прилеп. Автор на спомен-обележјето е скулпторот Зоран Грабуловски.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите