Одбележани 141 година од Разловечкото востание

Од:

Делчево одбележува 141 година од Разловечкото востание кое е прво вооружено востание самостојно организирано од македонската световна и духовна интелигенција, со масовно учество на жителите. По повод годишнината од востанието, делегација од општина Делчево, политички партии и здруженија на граѓани, положија цвеќе пред спомен-плочата на Разловечкото востание поставена на црквата „Св.Костантин и царица Елена“ во Разловци, а беше одржана и панихида за учесниците во Разловечкото востание.

Во присуство на претставници од политичкиот живот од Делчево и државава, како и бројни гости и жители на селото, а во организација на Центарот за култура „Никола Јонков-Вапцаров“ во дворот на црквата беше организирана културно-уметничка програма. Директорот на Центарот за култура Љупчо Петровски, истакна дека Разловечкото востание е светла точка во историјата на македонскиот народ за слободна и самостојна држава, а НУЦК традиционално секоја година ја организира програмата за чествување на денот на Востанието.

– Традиционално учествуваме во реализацијата на одбележување на Разловечкото востание. Селото Разловци географски се наоѓа на левата страна од реката Брегалница во северниот дел на Пијанечката долина и во 1876 по иницијатива на поп Стојан, тогашен свештеник во црквата и неговиот зет Димитар Поп Гоергиев Беровски, се крева востанието како одговор на теророт што го правеле Османлиите во селото и по овој историски момент почнуваат другите востанија низ Балканот, како што е Кресненското востание, рече Петровски.

Во рамки на одбележувањето на годишнината на востанието беше организиран и планинарски марш од село Тработивиште до Разловци.

Востанието било кренато на 20-ти мај 1876 година кога 30-ина востаници го нападнале селото. Историските податоци зборуваат дека причините за неуспехот на востанието, главно, лежат во неговото предвремено избувнување и незавршените подготовки, ранувањето на водачот на востанието, Димитар Беровски што делувало негативно на текот на востанието. Востаниците не успеале да се координираат и поврзат со организираните востанички формации во Источна Македонија. Од друга страна, месните турски власти мошне брзо реагирале и го задушиле востанието уште на самиот почеток. Но, ова е прво организирано востание кое го одбележува предилинденскиот период и борбата за слободна и самостојна држава.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он