Одбележана 66-годишнината од постоењето на АСУЦ „Боро Петрушевски“

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска присуствуваше на свеченоста по повод 66-годишнината од основањето на средното училиште „Боро Петрушевски“.

На свеченоста присуствуваа и поголем број на членови на Советот на Градот Скопје, претставници на градската администрација, како и директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, Соња Ристовска.

– Ова е едно од училиштата кое континуирано создава, работи и напредува. Училиштето непрекинат овозможува услови за квалитетен воспитно-образовен процес. Покрај големиот придонес за обезбедување на услови за одвивање на воспитно-образовниот процес, за поздрав е и заложбата на училиштето во областа на дополнителните дејности. Развојот на дејностите придонесува финансиско зајакнување на училиштето кое овозможува да се обезбедат подобри услови за учениците, како и развој на практичната настава, рече Трајановски во обраќањето.

Средното училиште „Боро Петрушевски“ во моментов врши едукација на поголем број на образовни профили, како што се техничар за патен сообраќај, техничар за транспорт и шпедиција, автотехничар – мехатроничар, автомеханичар, автолимар, автоелектроничар и каросериски механичар.

Покрај основната дејност, АСУЦ „Боро Петрушевски“ постои и станица за технички преглед и регистрација на моторни возила, центар за хомологација на моторни возила, автосервис, авто – полигон и автоперална.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование