Одбележана 18-годишнината од формирањето на ДУТ

Од:

Со свечена акдемија во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ денеска беше одбележана 18-годишнината од формирањето на Државниот универзитет во Тетово. Според ректорот на ДУТ, Вулнет Амети денешниот ден претставува значаен датум за студентите и професорите на универзитетот но и за пошироката јавност.

– Прославувањето на 18-годишнината покажува дека сме ја исполниле задачата со научните достигнувања и академското дејствување на ДУТ. Им искажуваме голема почит кон сите студенти, професори и асистенти што го основаа универзитетот пред 18 години како промотор на слободното мислење и научно образовното дејствување. Во секоја прослава на годишнините ние одбележуваме три важни настани 1994 година како година на основање на ДУТ, 1995 како почеток на предавањата и 2004 кога ДУТ беше легализиран. Во изминатата година постигнавме значајни резултати на сите полиња и сметам дека ја остваруваме мисијата за подготовка на нови професионални кадри за нашето општество. Во мометов на двата наставни циклуси додипломскиот и постидпломскиот на сите факултети и програми кај нас се образуваат над 15 илјади редовни и вонредни студенти како и околу 1.000 магистранти, изјави Амети.
На свечената академија присуствуваше и заменик министерот за образование и наука, Сафет Незири.

– На почетокот на ДУТ имаше само четири факултети за сега да биде во чекор со светските универзитети во однос на понудата на наставни програми, факултети или институти, иако другите се формирани многу порано. Министерството за образование и наука во изминатиот период одобри нови вработувања за потребите на ДУТ и подигање на квалитетот на образовниот и наставно научниот процес, рече Незири.

Во рамките на прославата на првиот ректор на ДУТ, Фадил Сулејмани му беше доделено звањето „Почесен доктор на науки на ДУТ“, при што ректорот Вулнет Амети истакна дека на овој начи признанието се доделува на сите оние кои биле покрај Сулејмани во времињата на основањето на универзитетот.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ