Одбележан Светскиот ден на волонтерите

Од:

Црвениот крст на Република Македонија денеска го одбележа 5-ти декември Светскиот ден на волонтерство. Ден кој го прославуваат над 17 милиони волонтери од целиот свет во рамките на Движењето на Црвениот Крст и Црвената полумесечина.

Волонтерството е доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка кое има за цел намалување на ранливоста на населението, во согласност со принципите на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија Милчо Трајковски во обраќањето пред присутните порача дека волонтирањето претставува исклучително важен сегмент на заедниците насекаде во светот. Придонесот на волонтерите не само што го подобрува животот на ранливото население со кое работат туку го подобрува и животот на волонтерите и нивните заедници, нагласи Трајковски.

– Црвениот крст на Република Македонија како составен дел од ова движење се гордее што во своите редови има 3.400 активни волонтери, над 7.800 регистрирани членови и е една од најголемата хуманитарна организација во државата, рече Трајковски.

Волонтирањето, појасни претседателот на Црвениоткрст, се случува на локално ниво, со цел националното друштво да може ефективно да ја мобилизира заедницата, а тоа мора да одговори на очигледните потреби кои се присутни таму.

– Црвениот крст не го интересира верска, политичка или национална ориентација. Единствена поделба која сме ја правеле на граѓаните на нашата држава била на оние на кои им треба и на оние кои не им треба нашата помош. Тоа било така повеќе од 70 години, така е сега и така секогаш ќе биде, истакна Трајковски.

На одбележувањето на Денот на волонтерите, Црвениот крст додели благодарници за волонтерски достигнувања во Црвениот крст на Република Македонија. Благодарници добија Роже Доан Ван Хај, Александра Василевска, Фаик Алили, Кире Доновски, Един Халим, Марјанчо Ангелковски и Владимир Цветковски.

Би можело да ве интересира

Општина Битола додели награди за волонтерство

Наум Локоски

Ден на волонтерството

Наум Локоски

Признанија за волонтери од програмата на ЕВН Македонија „ЕВН Волонтира“

Ана Ололовска

Саем за волонтерство и активно граѓанство

Ана Ололовска

Црвениот крст го одбележува Светскиот ден на волонтерството

Ана Ололовска

Трет саем за волонтерство и активно граѓанство

Наум Локоски