Одбележан денот на општина Маврово и Ростуше

Од:

Општина Маврово и Ростуше со посебна свеченост одржана во спортската сала „Македонија“ и во присуство на голем број гости и жители од општината го одбележа денот на општината, 4 Мај.

– Годишнините се пригодни моменти да се преиспитаме до каде сме стигнале и што сме направиле во изминатиот период. Со задоволство можам да констатирам дека ќе се трудиме да ја оправдаме довербата која ни ја дадовте и ќе сториме се општина Маврово и Ростуше да стане модерна и современа европска општина, рече градоачалникот Медат Куртовски на днешената свеченост по повод Денот на општината.

Посочи дека ќе работи на подобрување на инфрастурктурата, подршка за развој на спортот и културата, меѓународната соработка, искористеноста на ИПА фондовите како и на развојот на алтернативниот туризам.

– Во иднина, активностите ќе бидат насочени кон реализација на капитални проекти, подобрување на патната инфраструктура, заштита на животната средина, подобрување на водоснабдувањето, на условите во образованието, проекти кои ќе бидат од големо значење на општината и целиот регион, рече Куртовски.

До жителите на општината и нејзините пријатели, до своите сонародници во дијаспората, упати апел за заедничка соработка со локалната самоуправа се со цел, како што рече, да направиме општина Маврово и Ростуше да добие лик што заслужува, модерна европска општина, атрактивна туристичка и бизнис дестинација со квалитетен живот за сите граѓани.

– Во иднина општина Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива уште повеќе и ќе стане уште поубаво место за живеење. Нашата општина е една од најмладите, најперспективни и најмодерни општини која интензивно се развива, што се должи на големата работа, ентузијазмот и иницијативата и одличната соработка помеѓу градоначалникот, администрацијата и Советот на општината, рече градоначалникот.

На свеченоста за посебен придонес во развојот на општината врачени беа благодарници на поединци и институции, ученици на генерација,како и ученици кои постигнале одлични резултати на натпревари.

Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма во која освен ученици од општинските училишта, учествуваа и естрадните уметници Благоја Грујовски и Емрах Мехмеди.

Би можело да ве интересира

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Горан Наумовски

Жена од Ростуше украла пари од спортска обложувалница

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка со две мали мечиња снимени на пат во Маврово

Катерина Ѓуровски

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови