Од задутре намалување на дневната температура за десетина степени

Од:

Утре ќе се задржи сончево и релативно топло преку денот, по што во текот на ноќта кон понеделник под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден, особено во јужните делови.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Од утре чести поројни дождови, со силен ветер и град

Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег