Од вечерва се отвора големата музичка сцена на плоштадот во Струмица

Од:

Финишира третото издание на најголемата културно – забавна манифестација „Струмица опен фестивал 2014“. Организаторите и синоќа им приредија уште една незаборавна вечер на струмичани на неколку локации во градот. Во малиот градски парк се одржа аукција на делата создадени на ликовната колонија која работеше во рамките на фестивалот. Се продадоа сите 14 понудени дела, пет од нив купи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Собраните средства се наменети за хуманитарни цели. Во амфитеатарот беше промовирана најновата книга „Уа и Ура“ на Ѓорги Калајџиев, а веднаш по промоцијата се одржа џез концерт.

Од вечерва на градскиот плоштад се отвора и големата музичка сцена на која во следните три вечери ќе настапат петнаесетина музички имиња од домашната и странската естрада.

Првата вечер ќе ја започнат младите струмички таленти кои се спој на непрофесионални музичари и гордост на целиот град. После нив ќе настапи специфичниот реге и хип хоп изведувач од Македонија, Драган Величковски – Тајзи. Од интернационалната сцена ќе гостува Момчило Бајагиќ Бајага со неговите Инструктори.

И крајот на првата музичка вечер е резервиран за Кирил Џајковски, MC Wasp и TK Wonder.

Би можело да ве интересира

Познатиот „Голем бран кај Канагава“ на Хокусаи пристигнува во САД на голема изложба на јапонска уметност

Предраг Петровиќ

Тејлор Свифт добива сопствена музејска изложба: Ќе бидат изложени повеќе од 50 костими и лични предмети

Предраг Петровиќ

Во Солун за првпат се изложени антички слики стари повеќе од 2.000 години: Научниците откриваат детали што со векови биле невидливи

Предраг Петровиќ

„Овој пат таа кажува“ – 51. МОТ со програма во знакот на женскиот авторски глас

Skopje Design Week 2026: Скопје станува европска точка на средба на дизајнот, занаетчиството и новите креативни идеи

Огромен интерес за мастеркласот на Драган Бјелогрлиќ на Скопје Филм Фестивал 2026