Од Скопје ќе се лета а Дубаи со “Флај Дубаи“, а од Охрид ќе се лета за Истанбул со “Туркиш Ерлајнс“, ова се две од шесте дестинации кои денеска ги најави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Летовите кои ќе се воведат од наредната година се кон Дубаи Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул. Четири од овие дестинации се на „Виз ЕР“, една на „Флај Дубаи“ и една на „Туркиш Ерлајнс“.
Од 30 март 2025 година два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Дубаи – Скопје со „Флај Дубаи“, исто така од 30 јуни 2025 годинас два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Барселона – Скопје, од 30 јули 2025 година три пати неделно ќе се лета Скопје – Лион – Скопје со што се отвора јужна Франција прв пат како дестинација, како и три пати неделно на релација Скопје – Штутгард – Скопје, со што се отвора западниот дел на Германија, а тука е и Франција. Од Охридскиот аеродром два пати нделено ќе се лета на релација Охрид – Базел Милхауз – Охрид, и можеби најзначајната новина за нашиот туристички бисер е летот на „Туркиш ерлајнс“ ќе почнува редовно да лета од Охридскиот аеродром веќе од 30 март 2025 година на дестинација Охрид – Истанбул – Охрид.
„Ова е прекрасна вест за македонските граѓани со кои им се овозможуваат поврзување со овие дестинации но исто така ќе донесе многу туристи за Македонија. Она што можам да го кажам дека сме во процес на подготовка на втор повик кој што треба да донесе нови дестинации затоа што има интерес. За нови дестинации така кон крајот на декември ќе можам да презентирам нови дестинации. Во моментов состојбата е дека во летниот период на летање од скопскиот аеродром оперираат 47 дестинации, а од охридскиот 8, додека во зимскиот 38 од скопскиот и 4 од охридскиот. Со овие 4 плус од скопскиот и плус 2 од охридскиот ќе се зголеми бројот на летови и бројот на туристи и ќе се постигне целта во 2025 година да имаме плус 200 илјади патници, рече Николоски.
Министерот соопшти дека се подготвува и втор повик каде што се надева дека некаде во декември ќе може да презентира нови дестинации.