Од премиерот на Албанија, ќе бараат помош родителите на учениците Албанци од Подгорци?

Од:

Родителите и учениците од струшкото село Подгорци кои настава изминативе три години следеа на албански јазик утре ќе протестираат пред зградата на општина Струга. Тие се незадоволни од одлуката нивните деца во иднина настава да следат во училиштето во соседното село Лабуништа, а паралелките во Подгорци да бидат укинати.

Велат дека се жртви на политички игри и препукувања помеѓу централната и локалната власт. Овие паралелки Министерството за образование ги смета за нелегални поради што тие не добија свидетелства за завршено образование.

Родителите постојано добиваа ветување дека проблемот ќе се реши, а паралелките ќе бидат легализирани. Тие веќе поднеле кривични пријави до надлежните институции.

Советот на општина Струга неодамна донесе одлука децата наставата да продолжат да ја следат во Лабуништа, а свидетелства да добијат како ученици на ова училиште, одлука што не е прифатлива за родителите.

„До Основниот суд во Струга поднесовме кривични пријави против градоначалникот на Струга, раководителот на секторот за образование во општина Струга, поранешниот министер и заменик министер за образование Никола Тодоров и Линдита Ќазими, сегашниот министер и заменик министер Панче Кралев и Сафет Незири и директорот на училиштетот во Подгорци. Кривичната пријава се однесува за злоупотреба на службената положба, манипулација со децата рече“ за А1 Емир Зубери, родител.

Родителите велат дека ако случајот не се реши ќе побараат помош од властите од Албанија и премиерот Сали Бериша наставата да продолжат да следат во Албанија. Најавуваат дека ќе поднесат тужба и до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски