Од куќа во Скопје украдени 29.000 евра

Од:

Непознат сторител, од куќа во Скопје, во изминатиот викенд  украл 29.000 евра, златен накит и лап топ компјутер.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кражбата се случила на 23 овој месец во периодот од 16:20 до 21:40 часот. Од куќата на Ѓ.Т.(49) во Скопје крадецот  зел пари,  накит и техничка стока во вредност од 2.400.000 денари.

Извршен е увид на местото на настанот, а се  преземаат мерки за откривање на сторителот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка