Од централната пошта во Битола украдени над 2 милиони денари и разни пратки

Од:

Во АД „Македонски пошти“-подружница во Битола, утрово е извршена тешка кражба при што се одземени сеф марка „ЕМО Охрид“ во кој имало над 2 милиони денари и разни пратки.

Како што изјави Магдалена Димитровска, портпарол на СВР-Битола утрово во 05.40 часот од страна на вработен во АД „Македонски пошти“-подружница во Битола, телефонски било пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба во централната градска пошта, лоцирана на ул. „Рузвелтова“ во Битола.

– Од извршениот увид констатирано е дека во временскиот период од 21 часот на 9 март до 5 часот утрово на 11 март, непознат сторител со подесен алат го скинал катанецот од синџирот со двокрилна влезна врата од дворното место, влегол по што со употреба на подесен предмет делувал на бравите на просториите по што од пакетското одделение одзел сеф марка „ЕМО Охрид“ во којимало над 2 милиони денари и разни пратки, истакна Димитровска.

СВР-Битола презема интензивни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расветлување на тешката кражба што се случи во централната градска пошта на АД „Македонски пошти“ во Битола.

Би можело да ве интересира

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ