Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на убиената Вања Ѓорчевски, Александар.
Обвинителките велат дека имаат искази од двајца обвинети кои рекле дека информацијата за тоа кога Вања ќе излезе сама од дома ја добиле од таткото Александар. Долнително обвинителката рече дека само родителите можеле да знаат кога детето излегува.
Промената на исказите дадени на обвинител подоцна во судот, на овие двајца обвинети, обвинителксата рече дека не сака да ја коментира.
Без информацијата за тоа кога детето ќе излезе не би имало грабнување, проценува Обвинителството.
По добивањето на пресудата ќе поденсат жалба на ослобидителната пресуда до повисоките судски инстанци.
Во објавата на предудата судијата рече дека Обвинителството не ја докажало вината на Александар Ѓоречвски. Сите други четири обвинети добија доживотна казна затвор.