Обвинителството ја запира постапката против Карадакоски кој беше управител на „Пулс“

Од:

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани по прибавување на официјалната документација за смртта на Александар Карадакоски, управител на дискотеката Пулс од Кочани ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка против него, информираа од обвинителството откако претходно денеска министерот за здравство, Арбен Таравари потврди дека Карадакоски починал во болница во Литванија и дека тој е 60 жртва од кочанската трагедија.

„Со оглед на тоа што денешната 60 жртва од катастрофалниот пожар во Кочани е лице кое претходно беше опфатено со наредбата за спроведување истражна постапка, во својство на управител на правно лице, Основното јавно обвинителство Кочани по прибавување на официјалната документација за настапената смртна околност ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Стручниот колегиум на Јавното обвинителство денеска во проширен состав и со минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата во кочанската дискотека Пулс одржал состанок на кој биле презентирани досега преземените дејствија, начинот и концептот на истражување и стручните аспекти на предметот кои обвинителите ги имаат предвид при истражувањето.

Во катастрофалниот пожар кој ја зафати дискотеката Пулс во Кочани на 16 март годинава загинаа 60 млади луѓе, а околу 200 се повредени.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски