Обвинителството бара притвор за 14-годишникот обвинет за убиство на Македонецот во Сончев Брег

Од:

Окружното обвинителство – Бургас ќе го задржи 72 часа малолетникот обвинет за убиство на 49-годишниот македонски државјанин.

Тинејџерот е малолетник, но ја сфатил природата и значењето на тоа што го направил и можел да ги насочи своите постапки, велат од обвинителството.

„Тој е обвинет за намерно предизвикување смрт на 49-годишен државјанин на Северна Македонија. Делото е извршено во неутврдено време, во времето од 17.00 часот на 22.04.2023 година до 11.00 часот на 27.04.2023 година, на отворен простор лоциран на територијата на к.ц. „Сончев брег“ – запад. Делото е квалификувано според член 115, став 1, сп. 63, ст.1, т.2 од Кривичниот законик“, соопшти обвинителството во Бургас.

Во истрагата било утврдено дека убиството е извршено со дрвен колец, со кој на жртвата му биле нанесени удари по главата и телото.

Окружното обвинителство – Бургас е на пат да поднесе до судот барање за определување мерка притвор за обвинетото лице.

14-годишнаиот Михаил живее на Сончев Брег со семејството и има криминално досие. Доколку биде прогласен за виновен, може да добие затворска казна до 5 години, бидејќи е малолетен. Полицијата најави повеќе детали за мотивите за убиството во текот на денешниот ден.

Foto: flagman.bg

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода