Обвинителството бара куќен притвор за скопјанецот која ја предизвика несреќата кај Блаце во која загинаа тројца

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против возачот на „фолксваген туран“ кој претекнувајќи ја предизвика сообраќајната несреќа во по која косовско возило излета во Лепенец и загинаа три члена на семејство.

– Осомничениот 64-годишник од Скопје на 17 јуни управувал со патнички автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки на магистралниот пат Скопје – ГП „Блаце“ во насока од југ кон север. Кога дошол пред тунелот Бадар, каде сообраќајот е регулиран со сообраќајни знаци поради работа на пат, презел дејствие на претекнување на колона возила кои се движеле во ист правец. Во моментот на престигнувањето, дошло до контакт меѓу неговиот и автомобил „БМВ“ со косовски регистарски ознаки, кој се движел како трето возило во колоната која ја престигнувал осомничениот.

Како резултат на ударот, автомобилот „БМВ“ излегол од коловозот и паднал во коритото на реката Лепенец, при што од возилото успеал да излезе само еден од патниците, а телата на останатите тројца беа пронајдени следниот ден откако автомобилот беше извлечен од водата.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе дејствија, ќе сослуша сведоци и ќе нареди повеќе вештачења за целосно испитување на настанот и на причините заради кои дошло до контакт меѓу двата автомобили.

Имајќи ја предвид возраста и здравствена состојба на осомничениот, но и потребата за негово обезбедување во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова.

Би можело да ве интересира

Двајца моторџии излетале од пат, повредена и 23-годишна сопатничка

Анита Петровска Рајковиќ

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Сообраќајка кај наплатната рампа кај Градско-четири лица се повредени

Анита Петровска Рајковиќ

Нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани