ОЈО: Обвинение за скопјанец кој криел марихуана во дворот на сосетката

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 27-годишен скопјанец кој криел марихуана во дворот на сосетката за неовластено поседување и продажба на наркотични средства.

– Обвинетиот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 1.521,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со транспарентна фолија, а обвинетиот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител предложил на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, со оглед на тоа што се работи за лице претходно веќе осудувано за истото дело, што го оправдува стравот дека тој би можел да го повтори делото или да се даде во бегство доколку биде пуштен да се брани од слобода.

Лицето се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога