Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, синоќа, на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши.
Претходно, Бојмацалиев информираше дека покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што се комплетира најавената бројка од 225.000 обрасци .
-Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600, информираше Бојмацалиев.
Илјадници граѓани во земјава чекаат пасоши, дел кои веќе се сликале и чекаат да бидат изработени, а дел уште се „борат“ со закажувањето термин. Застој има и кај оние граѓани кои упалтиле за патна исправа по итна постпака.