Облачно со слаб ветер, дневната температура до 7 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Од вечерните часови и преку ноќта во планинските региони ќе има услови за слаб снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Како што информира УХМР, од денеска следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите.

По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло