Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Од:

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено претпладне и кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според Управата за хидрометеoролошки работи, во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите најобилни ќе бидат во западните делови, каде на планините ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка, особено во Шарпланинскиот масив. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Би можело да ве интересира

До петок стабилно, суво и потопло, за викендот дожд и снег

Од утре малку повисоки температури

Студено и променливо облачно време со силен северен ветер

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула

Ветер, дожд и снег до вторник

Променливо облачно време со врнежи од дожд

А1он