Облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Од:

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, наместа во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2).

На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег и дополнително ќе се зголеми снежната покривка, соопшти УХМР.

Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3 , а максималната ќе достигне до 5 степени.

До средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини. Нови врнежи од дожд и снег со послаб интензитет се очекуваат во среда попладне и во четврток.

Би можело да ве интересира

Дождливо денеска и утре, потоа стабилно и постудено

Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Сончево со температура до 23 степени

Убаво време до среда, потоа дожд и пониски температури

Облачно време со сончеви периоди – температурата до 21 степен

А1он

Облачно и денеска, од утре суво и потопло