Облачно со локален дожд и северен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен, а во Пелагонија повремено засилен ветер од западен правец кој во Битола достигнува брзина до 45 km/h.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие има наврнато во Крива Паланка 20 литри на метар квадратен, во Штип 15, во Берово 12, во петровец – Скопје и во Охрид 9, во Демир Капија 7, во Претор 5, во Велес и Кавадарци 4, во Струмица и Гевгелија 3, во Виница и Лазарополе 2 и во Битола и Куманово еден литар на метар квадратен.

Синоптичарите за утре и за понеделник најавуваат претежно сончево и потопло време. Во вторник, локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран, в среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд

А1он

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, температури до 16 степени

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски