Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 22 степена.

Според прогнозата на УХМР, утре (петок) во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво