Облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег

Од:

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен (над 70 km/h) северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во недела претпладне ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 km/h) и наместа ќе провејува слаб снег. Во понеделник утрото ќе биде ведро и многу студено, а нови врнежи се очекуваат во вторник. Температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.

Би можело да ве интересира

Од утре чести поројни дождови, со силен ветер и град

Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Од задутре намалување на дневната температура за десетина степени