Објавени имињата на над 50 доктори и медицински сестри кои беа вклучени во трансплантацијата

Од:

„Благодарни сме на сите лекари кои учествуваа во постапката на утврдување мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката. Целиот тим заслужува да биде споменат и да им се одаде признание“, велат од Министерството за здравство, откако денеска беа извршени три трансплантации од починат донор, една на срце и две на бубрези, а во следниот период за првпат ќе се изврши трансплантација на коски и коскена срцевина.

Трансплантацијата на срце се изврши на Клиниката за кардиохирургија. Тимот го предводеше директорот на државната кардиохирургија проф.д-р Сашко Јовев, академик д-р Жан Митрев, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, д-р Дејан Димитровски, д-р Александар Колев, д-р Кујтим Џелили, д-р Ванѓел Здравевски, д-р Соња Граждани, д-р Марија Ѓеракаровска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Дарко Стефановски, медицинските сестри Марија Дојчиновска, Слаѓана Гроздановска, Мартина Караџоска, Имран Елези, Христина Николоска, Милица Ѓ. Ристовски, Анита Ангеловска, Магдалена Томовски, перфузионистите Стефан Кметовски и Борче Димоски, Верче Стојкоска.

Клиника за Урологија- д-р Сотир Ставридис, д-р Сашо Дохчев, д-р Алксандар Јосифов, д-р Трајковски, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Виктор Станков, д-р Елена Деспотовска, доц. д-р Петрушева, д-р Александра Гавриловска, медицински сестри Бојана Шатева, Јулијана Петрушева, Весна Ќокеска, Анѓелка Маринова, Горан Петковски, Тања Ничева, Даниела Здравкова, Миодраг Видиниќ, Тања Филиповска, Музафер Јашари.

Kлиника за нефрологија- проф. д-р Гоце Спасовски, научен соработник д-р Лада Трајческа, научен соработник д-р Ирена Рамбабова Бушлетиќ, д-р Блерим Беџети, медицинска сестра Виолета Танческа, медицински техничар Влатко Џепиќ. Институт за трансфизуологија- проф. д-р Кочо Димитровски, биолог Персида Кадиева. Рентген институт- д-р Менка Лазарова.

КАРИЛ – доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, д-р Јасна Бушиноска.

Клиника за ортопедија – д-р Александар Трајановски, д-р Милена Богојевска Доксиевска, д-р Александар Савески, д-р Дејан Дамјановиќ, д-р Виктор Камнар, медицински сестри Сузана Пејчиновска,Елизабета Стаменова Јовановска, Јасмин Беќировиќ.

Екипи од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Ортопедија, Клиниката Жан Митрев, во текот на ноќта и во текот на денот работеа со часови за да спасат не еден, туку повеќе животи.

Би можело да ве интересира

На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија

А1он

Возач на Итна помош за пари лажел дека посредува при трансплантација на бубрег

Почина жената на која и беше трансплантиран бубрег од свиња

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор