А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Објавен оглас за ангажирање волонтери во државни институции

by А1он17/06/2013 - 12:00136
Share0

Канцеларијата на премиерот и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија распишаа оглас за ангажирање волонтери во периодот од 1 јули до септември. Предност ќе имаат имаат студентите на правни, политички, економски и филолошки науки, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Следете a1on на Instagram Instagram

Јавниот повик трае до 21 јуни, изјави Ѓорѓиев и посочи дека до крајот на овој месец ќе трае селекцијата на оние што ќе пројават интерес за волонтирање во Владата и во Генералниот секретаријат.

Посочи на процедурата за кандидирање и рече дека тестирањето е многу едноставно и оти секој заинтересиран студент може до архивата на Владата да поднесе мотивациско писмо во кое ќе ги наведе сопствените мотиви за волонтирање, кратка биографија со своите референци, досегашното образование и дополнителни искуства доколку има такви и фотокопија од неговиот индекс преку која ќе се види годинат на студии.

Ѓорѓиев соопшти дека во процесот на селекција најнапред ќе се разгледуваат поднесоците коишто се по писмен пат доставени до Владата по што ќе следуваат интервјуа со потенцијалните кандидати. По финалниот избор започнувајќи од 1 јули 2013 година до 15 септември оние лица коишто ќе се квалификуваат ќе можат во рамки на работата на Канцелраијата на премиерот и на Генералниот секретаријат секојдневно да доаѓаат на работа и да увидат како се извршуваат работните задачи, како функционира системот и како се креираат политиките и се реализираат во овие две институции.

Следете a1on на Youtube YouTube

Лицата ќе добиваат надомест по основ за волонтирање којшто ги покрива трошоците за превоз и за прехрана, некаде во висина од 4.000 до 4.500 денари.

– Би сакале преку овој јавен повик да испратиме и две пораки. Прво, дека на овој начин како и досега Владата на дело ја демонстрира својата политика на отворени врати и дава можност сите млади луѓе да се вклучат во работата на институциите на системот што ќе биде од битно значење за нив. Апелираме што поголем број студенти да се пријават независно од етничката и верската припадност и други определби. Втората е дека на овој начин со иницирањето на промоција на волонтерството од страна на премиерот и неговиот Кабинет сакаме да апелираме и до претставниците на приватниот сектор, до компаниите, до јавниот сектор и тие што повеќе да бидат вклучени во овој процес и да дадат поголема шанса за волонтирање особено во летниот период кога студентите не одат на факултет да можат да се запознаат со работата во приватниот сектор и на тој начин да дадат придонес во дооформувањето на личностите, но и како професионалци, изјави Ѓорѓиев.

Владата и Генералниот секретаријат веќе седум години ја спроведуваат оваа програма за волонтирање на лицата кои го поминуваат својот стаж и таму добиваат волонтерска книшка која што има значење во нивната натамошна кариера.

Ѓорѓиев изјави дека оваа година има најава од повеќе институции и министерства дека ќе објават огласи за волонтирање и да го поддржат овој процес.

– Досега сме известени од министерот за правда дека ќе распише јавен оглас за волонтери, министерот за образование и наука, за здравство, за труд и социјална политика и други институции коишто дополнително ќе ја информираат јавноста за роковите за аплицирање, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

vlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео