Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2025/2026 година

Од:

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на
schools.mk

Ќе има две пријавувања во јунскиот уписен рок и едно во августовскиот.

Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59
часот на 17 јуни 2025. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август 2025.

Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување на учениците во прва година, утврдениот минимум број поени за пријавување, потребната документација која учениците ќе треба да ја достават во избраното средно училиште по успешното електронско пријавување, како и насоки за спроведување на конкурсот.

Би можело да ве интересира

Од 27.600 ученички места за упис во прва година средно образование, 7.900 се слободни за гимназии, а 18.000 во стручни училишта

Две третини од идните средношколци запишани во стручните училишта

Горан Наумовски

Од денеска до вторник запишување во средните училишта за учебната 2024/2025 година

Сојуз на средношколци: Да се зголеми безбедноста во училиштата

Курсеви за македонски, албански и турски јазик во средните училишта во Скопје

Заразени наставници и ученици во Средното уметничко училиште, отсега само онлајн-настава

Жарко Настоски