Oбиди за спречување на уривање на браната на Слатинското Езеро

Од:

Координативното тело задолжено за надминување на проблемот со насипот на Слатинското Езеро како обид за намалување на опасноста од целосно уривање на браната и предизвикување поплави, ќе се обидат да го отстранат бетонскиот преливник на акумулацијата, со цел да се намали водостојот на езерото за околу два метри.

Со тоа, сметаат експертите, би се намалил притисокот на водата и би се спречило натамошно оштетување на веќе оштетената брана.

Истекувањето на водата низ пукнатините на насипот го разградува материјалот од кој е изградена браната, така што се уште постои реална опасност водата целосно да се излее и да ги поплави околните земјоделски површини, како и дел од станбените објекти во пониските делови на истекот на Слатинското езеро. Најзагрозени се куќите во населбата Слатински чифлик, како и атарите на селата Слатино и Издеглавје.

Жителите од загрозените делови на Слатински Чифлик се евакуирани. Локалното населени стравува за своите имоти, најмногу за посевите и земјиделските површини што за најголем дел од нив се единствен извор на егистенција. Тие сметаат дека доколку попушти браната, поплавеното земјиште долги години нема да може да се обработува поради талогот што ќе го донесе водата.

За состојбите стравуваат и концесионерите на Слатинското Езеро, пред се за рибниот фонд во акумулацијата. Тие сметаат дека е потребно да се преземат мерки за заштита на богатиот рибен фонд на езерото, преку излов на рибата и незиното префрлање во други, слични акумулации.
Инаку, самото езеро се наоѓа во атарот на селото Слатино во општина Дебрца, изградено во 1963 година како акумулација за наводнување на околното обработливо земјиште. Водата во езерото дотекува од Мраморечка река, додека изливот на водата од езерото води кон реката Сатеска и натаму во Охридското Езеро.

Во акумулацијата има приближно 1,4 милиони кубни метри вода. Состојбата со насипот на акумулацијата е проблематичен години наназад, а освен помали интервенции браната на езерото никогаш не е санирана.

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сус и Дерна прогласија природна катастрофа: Бројот на жртвите во поплавите во Либија надмина 3.000