Преку волонтерство до активно граѓанство е мотото на второто издание на Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на град Скопје, што ќе се одржи денеска во Младинскиот културен центар.
Саемот е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје.
На саемот се предвидени презентации на здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на град Скопје, но и надвор од Скопје кои дел од своите активности ги спроведуваат за бенефит на жителите на главниот град.
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5 Декември – Меѓународниот ден на волонтерството.