Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска на прес-конференција побара да се потпишат 532 решенија, да им се врачат на приправниците и тие да почнат со работа во рамки на МВР.
Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев соопшти дека поднеле барање до премиерот, министерот за внатрешни работи и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи. Појасни дека бараат приправници кои исполниле пет месеци од нивното стажирање, тоа од Владата да биде земено предвид, да биде сопрено, завршено и тие да ги добијат соодветните овластувања. За што, како што рече, Владата го прифати како еден од нашите предлози, донесоа Уредба, се беше позитивно решено.
– Но, од страна на МВР до овој момент, овие приправници, 532, се уште немаат добиено решение. Јавно посочувам до МВР, ова што е донесено како Уредба, уште денеска да биде потпишано од двајцата, и од министерот за внатрешни работи и од дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи и оваа работа да се заврши, рече Делчев Тодев од НСП.