НСП бара зголемување на платите за 10 отсто во 2019-та

Од:

Гранскиот Независен синдикат на полицијата денеска пред Владата побара зголемување на платата за уште дополнителни пет отсто за сите вработени во МВР, шумска, затворска и судска полиција. Зголемување на платата од пет отсто, согласно Предлогот на Владата за 2019, да се коригира со уште дополнителни пет отсто и да почне од 1 јануари 2019 година.

Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев изјави дека протестниот марш за денеска, а кој го најавија во петокот, не се реализира поради лошите временските услови на патиштата во нашата држава.

– Му порачуваме на премиерот во наредните два-три дена да достави одредени корекции до Собранието, да ги земе предвид нашите препораки, заложби и барања. Сето ова што го говорам ќе оди на писмено како предлог до Владата и до Собранието се со цел навистина да имаме корекција и минимално 10 отсто на плата, рече Тодев.

Буџетот на Република Македонија, како што рече, мора да биде скроен врз база на предложените колективни договори кои се доставени од Гранскиот независен синдикат, а се однесуваат за шумската и за затворската полиција.

Би можело да ве интересира

Прв конгрес на гранскиот Независен синдикат на полицијата

Ана Ололовска

Делчев Тодев: Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници

Ана Ололовска

Средба на министерот Спасовски со делегација на Независниот синдикат на полицијата

Ана Ололовска

Полициската станица Танушевци осум дена без струја, а МВР набавува 600 ремени за 300.000 евра

Маја Илиевска-Пачемска

Независен синдикат на полицијата: Не може да има пари за СЈО и за Фонд за инвестициии, а за награда за полицајците да нема

Маја Илиевска-Пачемска

НСП: Да се потпишат 532 решенија на приправниците и тие да почнат со работа

Ана Ололовска