Новоизбраните министри ветија чесна и напорна работа

Од:

Новоизбраните министри за образование и наука, за труд и социјална политика и министерот без ресор Спиро Ристовски, Диме Спасов и Џери Наумов по потпишувањето на заклетвата истакнаа дека ќе работат посветено во своите ресори за да овозможат поквалитетен живот на граѓаните и напредок на општеството.

– Како нов министер за образование и наука ќе продолжам со ист интензитет да ги спроведувам активностите поврзани со реформите од областа на образованието и науката во Република Македонија. Очекувам да добијам поддршка, онаму каде застана мојот претходник Панче Кралев кому му изразувам благодарност за се она што направи досега, изјави министерот Спиро Ристовски.

Ветувам, рече, дека ќе продолжам да ги реализирам со интензитет и со начин на работа со кој верувам дека ќе придонесам за поквалитетен образовен систем и имплементација на сите реформи зацртани во програмата на Владата на Република Македонија и на Манифестот.

– На тој начин верувам дека ќе се придонесе во унапредување на целокупниот статус на учениците, наставниците, професорите и сите општествени работници кои се дел од образовниот систем во Македонија, рече министерот за образование и наука.

Воедно, тој изрази благодарност за поддршката од граѓаните за кои, како што рече, се грижел во изминатиот период додека бил министер за труд и социјална политика. – Се обидував да дадам се од себе за подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, олеснување и пристап до остварување на правата кои ги гарантира системот на социјална заштита, пензискиот систем, системот за остварување право од работен однос, рече Ристовски.

naumofМинистерот без ресор Џери Наумов се извини што, како што рече, неговата прва изјава ја дава на англиски, поради основното познавање на македонскиот јазик, но вети дека ќе го поправи и оти ќе работи на унапредување на бизнис климата во Македонија и подобрување на стандардот на граѓаните.

Моето семејство ја напушти Македонија многу одамна, но ми всади голема љубов за земјата. Поради моето образование, кариерата и преселбата низ САД во текот на годините, мојот македонски јазик е редуциран на основно ниво и затоа мојата прва изјава е на англиски јазик. Но, ветувам дека дека ќе го подобрам мојот македонски јазик. Веднаш ќе почнам да работам посветено и напорно. Возбуден сум и почестен што можам да го прифатам овој предизвик. Со сето мое бизнис искуство и професионални контакти ќе работам да обезбедам нови бизнис можности во Македонија, да обезбедам работни места, раст на економијата и да помогнам за подобрување на просперитетот на Македонија, рече Наумов.

Новоизбраниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека на новата функција ќе работи посветено и чесно.

– Ќе се посветам максимално со чесност, трудољубивост и вредност да ги реализирам сите проекти и програми на Министерството за труд и социјална политика, како и на програмата на Владата, но и во насока на нови проекти кои ќе ги подобрат условите за живот на сите категории на граѓани во Македонија, рече Спасов.

Ристовски досега ја извршуваше функцијата министер за труд и социјална политика. По оставката на министерот за образование и наука Панче Кралев, Ристовски беше предложен за нов министер. Диме Спасов на функцијата министер за труд и социјална политика доаѓа од функцијата директор на скопскиот катастар.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он