Во Делчево новогодишната ноќ помина мирно. Лекарите од Итната медицинска помош при Здравствениот дом во Делчево информираа дека за прв пат откако е отворена Итната медицинска служба немало повици на 194 за време на новогодишната ноќ.
Според д-р Гоце Стоименовски, раководител на Итната медицинска служба во Делчево, ноќеска се прегледани 10 пациенти од кои едно било со помали расекотини на раката, две во алкохолизирана состојба, две лица со стомачни болки поради прејадување, а останатите со главоболка и покачен крвен притисок.
– За разлика од претходните години, оваа новогодишна ноќ немаше ниту еден повик на 194. Немаме транспортирано ниту еден пациент до најблиските медицински центри. Сите пациенти кои се примени во Итната медицинска помош се амбулантски згрижени. Се надевам дека советите кои постојано ги дававме со цел да превенираме алкохолни коми или друг вид критични состојби карактеристични за новогодишното славење, годинава вродија со плод, истакна д-р Стојменовски.
Во полицискиот билтен нема евидентирано физички напади.