Ново противпожарно возило за општина Велес со грант од јапонската влада

Од:

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со средствата добиени преку грант од Јапонската влада ќе набави ново противпожарно возило „фолксваген амарок“ кое ќе се користи за урбаните средини, но и за гасење шумски пожари.

– Возилото ќе биде опремено со еден сет за гасење пожар, ќе носи резервоар со 550 литри вода, а ќе има и една стабилна и три рачни радиостаници за комуникација, како и лична заштитна опрем, информира денеска на прес-конференција Марко Колев, раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Вакво возило веќе има Територијалната противпожарна единица во Велес и досегашните искуства, како што појасни командирот на ТППЕ, Љупчо Лепидовски, се позитивни.

Единствената разлика меѓу двете возила е тоа што веќе постоечкото има помал резервоар за вода од 350 литри.

Од Општина Велес информираат дека во наредниот период се планира поставување на надземни хидранти на улиците во високите градски зони со цел да се подобри противпожарната заштита.

Договорот за грант од Јапонската влада беше потпишан вчера во Скопје. Со него, Центарот за развој на Вардарскиот плански регион доби грант од 60.442 евра за набавка на ново противпожарно возило.

Би можело да ве интересира

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши