Откако денеска протестираа пред зградата на МПМ, новинарите од „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ и другите издаије, попладнево биле информирани дека ќе добијат нови договори за работа со намалени плати за 10 до 30 отсто. Новинарите одлучиле да не ги потпишат новите договори, објавува Плусинфо.
Тие од „Дневник“ и „Утрински весник“, сепак, решиле да ги примат договорите, и да не ги потпишат. За разлика од нив, новинарите од „Вест“ воопшто нема да ги примаат договорите што ќе им бидат понудени.
Денеска компанијата МПМ преку оглас им соопштила на вработените дека ги намалува платите, поради „лошата економска ситуација во земјава.“.