Новина во мерките: Граѓаните кои прележале ковид, во следните 45 дена можат да одат во кафеани без сертификати

Од:

Граѓаните кои откако ќе го прележат коронавирусот, во следните 45 дена ќе можат да одат во кафеани и на настани без вакцина. Ова е новината која ја најави министерот Венко Филипче, а ќе биде дополнување на мерките кои од понеделник ќе се применуваат низ цела држава. Според него, тоа е доволен простор за граѓаните да имаат време да се вакцинираат.

„Освен бараниот сертификат за вакцина, ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во изминатите 45 дена. Сето ова ни укажува дека единствено решение е да се зголеми опфатот на вакцинирани. Се зголеми интересот по најавата за новите мерки. Ако граѓаните имаат дилема, сакам да ги охрабрам да одат да се вакцинираат. Одличен е одзивот по најавата за новите мерки. Околу 8.000 граѓани се вакцинираат со прва доза. Популацијата која е вакцинирана е многу мал дел, што значи тоа се безбедни граѓани“, рече Филипче.

Прашан колкав процент од заразените се лица кои биле на прослави, забави, свадби, министерот рече: „Анализата пред една недела покажа дека 40 отсто кажале дека биле на некаква прослава. Тоа не е чудо. И минатата година проблем беа кластерите каде имаше масовни собири“.

За евентуално воведување на мерки за влез и излез од Македонија, Филипче рече: „Ова е прв чекор со кој сакаме да ја поттикнеме вакцинацијата. Дополнително ќе разговараме“.

Информациите кои се појавија во јавноста дека Срби доаѓале во Тетово за да им се изработат лажни сертификати за примена вакцина, Филипче посочи да се пријават во институциите.

„Ние имаме многу безбедни системи за пријавување и за покажување на сертификатите. Тоа е нашиот систем ‘Мој термин’“, рече министерот.

Би можело да ве интересира

Во Скопје во последните 24 часа 329 нови случаи на Ковид-19, починаа осуммина

Катерина Ѓуровски

Шекеринска: Тринаесетте мировници кои се позитивни на КОВИД-19 се во добра состојба

Катерина Ѓуровски