Продолжен е притворот на Кирил Поп Христов. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска на актерот му одредил нови 30 дена притвор. Ваквата мерка од судот ја оправдуваат со, како што велат, опасноста од бегство и повторување на делото.
Кили минатата седмица неколку пати заврши на скопските клиники. Неговото семејство и одбраната бараат укинување на притворот, бидејќи му е неопходен соодветен медицински третман за тумор на грбот.