Нова тригодишна програма за соработка во образованието и науката меѓу Македонија и Хрватска

Од:

Македонија и Хрватска ја продолжуваат соработката во образованието и науката која континуирано трае од 1995 кога беше потпишан првиот билатерален договор во оваа област меѓу двете земји. Министрите Абдилаќим Адеми и Ведран Морнар денеска во Скопје потпишаа нова тригодишна програма за соработка во образование, наука и технологија, за периодот 2015-2018 година.

Адеми изјави дека на средбата констатирале исти предизвици со кои се соочуваат образовните системи и во Македонија и во Хрватска и затоа, рече тој, соработката ќе опфати размена на искуства во сите нивоа на образование. Во областа на науката, двете земји ќе соработуваат на заеднички научни проекти за искористување на средствата од фондовите на Европската унија, особено од програмата „Хоризонт 2020“.

– Со овој важен документ уште повеќе ќе се зацврстат билатералните односи меѓу двете земји. Програмата предвидува повеќе активности. Продолжуваме со размена на позитивните искуства во основното, средното и во високото образование, каде приоритет е воспоставување директна соработка меѓу универзитетите на двете земји, рече Адеми.

Хрватскиот министер за наука, образование и спорт Морнар изјави дека во некои сегменти Македонија е понапред од Хрватска – деветолетката и екстерно оценување во основно образование. Деветгодишно образование во Хрватска експериментално ќе се воведе во 2017/2018, а да се применува од 2022 година. Надворешно оценување засега имаат во средно образование, како државна матура, а оценување во основното образование планираат со реформите на наставната програма која, како што рече, треба значително да го подобри образвниот систем во Хрватска.

– Идентификувавме дека проблемите се практично исти, дека она што е проблем во Хрватска, проблем е и во Македонија, рече Морнар, додавајќи дека исто така имале студентски протести пред 5-6 години.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март