А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Нов случај на оштетена регистерска таблица во Грција

by А1он14/08/2014 - 15:03170
Share0

На Граничниот премин „Богородица“ вчера е пријавен нов случај на оштетена регистарска ознака од возило на македонски државјанин, соопшти денеска МВР. Оваа година ова е петти случај на оштетување на регистерски ознаки, а досега се регистрирани и девет кражби на регистарски ознаки.

Добивај вести на вибер

Лицето В.Ј. од Богданци пријавило дека се оштетени регистерските ознаки на неговото возило марка БМВ. На 13 август во туристичкото место Неа Потидеа на двете регистарски ознаки, со остар предмет, бил изгребан делот каде стои кодот „МК“. Случајот не е пријавен во грчката полиција.

Со овој нов случај на оштетување на регистарски ознаки, бројката за оваа година достигна вкупно пет, а досега регистрирани се и девет кражби на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков тип со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Република Грција, стои во соопштението од МВР.

tablici

Би можело да ве интересира

МВР: Се продолжува рокот за замена на регистарските таблици до 31 декември 2024 година

Горан Наумовски13/02/2024 - 15:48

Оштетени нови четири возила на македонски државјани во Грција

Ана Ололовска09/09/2015 - 18:0009/09/2015 - 18:01

Нов случај на украдени таблици од македонско воизло во Грција

Ана Ололовска26/08/2015 - 14:55

Во Грција украдени регистерски таблички од македонски државјанин

Ана Ололовска12/08/2015 - 12:1512/08/2015 - 16:53

Нов случај на украдени регистарски таблици од македонско возило во Солун

Ана Ололовска22/10/2014 - 14:41

Украдени регистарски ознаки на македонско возило во Солун

Ана Ололовска26/09/2014 - 11:3426/09/2014 - 12:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен