Нов пеколен бран следната недела во Македонија, температура до 39 степени

Од:

Од недела започнува нов тропски бран со температури до 39 степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

„Во наредните денови не очекува топло и стабилно време, а во сабота на планинските делови ќе има и краткотрајни врнежи. Од понеделник не очекува зголемување на температурите од 31 до 38 степени, а најжешко ќе биде во среда 39 степени“, вели Ленче Ризова, синоптичар во УХМР.

Овој топлотен бран ќе трае до четврток, од кога температурите ќе се вратат во просекот за летните денови.

Од УХМР не можат да кажат дали ова е последниот тропски бран кој ова лето ќе ја погоди Македонија, бидејќи тие изготвуваат единствено десетдневни прогнози. Ова ќе биде вториот пеколен бран за ова лето, по оној од минатата недела кога температурата во Скопје стигна до 39 степени.

Би можело да ве интересира

Топлотен бран во земјава, издадени предупредувања за заштита на населенеието

Наредната недела нов топлотен бран со температури и над 40 степени

ВИДЕО: Екстремниот топлотен бран во Европа однесе 2300 животи

Катерина Ѓуровски

Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување

Катерина Ѓуровски

Пеколот продолжува до среда, температурите потоа ќе паднат за неколку степени

Бремените жени и повозрасните од 60 години да се ослободат од работа поради топлотниот бран