Нов обид за консензус за петтиот член на ад-хок телото

Од:

В среда треба да се одржи лидерската средба на потписниците на договорот од Пржино, каде треба да се реферира за сработеното и да се утврди датумот за избори .

Остануваат уште два дена да се постогне консензус меѓу членовите и да проработи хок телото за мониторинг на медиумите за време на изборите.

Денес во 12 часот, Слаѓана Димишкова, Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Костовски и Горан Трпеноски, кои влегоа како предлог на СДСМ, треба повторно да се сретнат и да се обидат да се договорат за петтиот член.

Од предложените кандидати, во најтесниот круг влегоа Даут Даути и Сефер Тахири.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека очекува лидерите в среда да го финализираат договореното од последниот анекс на пржинскиот договор по што би требало да профункционира преодната влада.

„Не треба да дозволиме поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите согласно кој ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август ќе објавиме ние претседателите на поголемите партии дека 11 декември ќе биде датумот на изборите. Мој личен став е дека ова ад хок тело не може да биде причина за да не се одржат изборите“, рече Заев.

Тој посочи дека намера да се вмеша во изборот на петиот член на привременото тело за следење и оценување на предизборното известување 100 дена пред избори.

Според ВМРО-ДПМНЕ, услови за избори во земјава има уште од април кога требаше прв пат да се одржат избори. Од партијата на Груевски за 24 Вести велат дека дали в среда ќе се донее одлука за избори на кои ќе се појават сите зависи од решеноста на како што велат СДСМ да се престраши од соочување со граѓаните.

Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ), во петокот ја усвои методологијата за надзор на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори. На усвојувањето на методологијата реагираше лидерот на СДСМ Зоран Заев кој испрати барање до АВМУ за измена на Методологија, бидејќи претставувало кршење на договорот од 19 јули и на дел од одредбите на Изборниот законик. Дописот на Заев до Агенција за аудио и аудиовизулени медиумски услуги бил испратен и до другите потписници на договорот од Пржино и до амбасадите во Македонија.Зоран Заев в среда очекува лидерите да го дадат својот глас за избори. Лидерот на опозицијата не смета дека фактот што еден од двата клучни услови – ад хок телото за санкционирање и мониторирање на медиумите се уште не е исполнет може да биде доволна пречка за лидерската четворка да не се договори за декемвриското гласање.

Би можело да ве интересира

Љуљзим Хазири избран за петти член на Комисијата за медиуми

Емир Латифовиќ

СДСМ: Лоша сатира на Агенцијата за медиуми за ад-хок телото

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прогласува за експерти некои луѓе кои повеќе пати се качиле на ладата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт, Груевски не може да спречи фер избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Ние не одобруваме, ниту одбиваме кандидатура за петтиот член во ад-хок телото

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ ги одбила експертите Илир Ајдини и Петрит Сарачини за петти член на ад хок телото

А1он