Нормализирано наводнувањето од ХС „Брегалница“ во Светиниколско

Од:

Акционерското друштво „Водостопанство“ на Македонија, подружница „Брегалница“ Кочани ги надмина проблемите со дистрибуцијата на вода за наводнување на територијата на овчеполскиот регион.

За наводнување на околу 3.300 хектари земјоделски површини по десниот магистрален канал потребно е да се дистрибуираат од 3,5 до 4 метри кубни во секунда вода за наводнување. Подружницата „Брегалница“ дистрибуира до 6,5 метри кубни во секунда вода за наводнување за водокорисниците од овчеполскиот регион.

– Состојбата со испораката на вода за наводнување во овчеполскиот регион е нормализирана. Планот за испорака на вода за наводнување со денови и датуми по населени места и главни зафати се остварува целосно. Водата сега стигнува и до Ерџелија и Каратманово. За полињата во овој дел на Источна Македонија се испорачуваат од 3,5 до 6,5 метри кубни вода во секунда, со што во целост се задоволени побарувањата на земјоделците од вода за наводнување, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Според Гоцев во акумулацијата Калиманци има доволни количини вода за успешно завршување на наводнителаната сезона. Како интервентни количини на располагање се и акумулираните количини на вода во езерото Градче крај Кочани.

Би можело да ве интересира

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци

Шестмина добија кривични пријави бидејќи противзаконски доцртале кат на зграда во Свети Николе

А1он