„Ноќ на истражувачи“ на плоштад „Македонија“

Од:

На плоштадот „Македонија“ вечер од 18 до 23 часот ќе се случува „Ноќ на истражувачи” во организација на Факултетот за деловна економија и организациски науки при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје.

Манифестацијата ќе опфати настани за различни возрасни групи – за најмалите истражување на небото и планетите, разговори со научници за првиот робот,  квиз за Европа и интерактивна игра за тинејџерите „Истражи ја Македонија – Потрага по богатство“, тестирање мириси,  презентација на можности за стипендии и проекти и катче за забава каде што ќе може да се истражува, слика, да се изработуваат оригами, фигури од глина, да се видат необични хемиски експерименти…

Проектот „Ноќ на истражувачи“ е финансиран од Европската унија и е дел од Седмата рамковна програма „Марија Кири”.

– Целта на оваа активност е на забавен и интерактивен начин да ја доближиме науката до јавноста, како основен двигател на општествениот и економскиот развој. Организацијата ги помага истражувачите како индивидуи, се одржува четвртиот петок во септември во над 300 градови низ Европа, кога се организираат интересни и забавни активности преку кои се покажува колку е возбудлива науката и колку е присутна во секојдневниот живот, соопшти „Американ колеџ“.

Од 19.30 ќе има видеонатпревар за студенти, награди за најдобар научен постер и за најдобар есеј на тема „Науката е во тебе, љубопитноста е… насекаде. Кон европски развој!“, од 20.30 часот ќе почне претставата-пантомима „Љубопитни за Теоријата на Чарлс Дарвин“, а потоа „Ноќта на истражувачи“ ќе продолжи со музика и забава.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование