Низа манифестации за Денот на ослободување на Делчево и Денот на независноста

Од:

Во рамките на одбележувањето на 7 Септември, Денот на ослободување на Делчево и 8 Септември Денот на независноста на Македонија, општина Делчево ќе ги организира традиционалните културни манифестации „Пијанечки денови на сливата 2017“ и меѓународниот Фестивал за афоризам и карикатура.

Како што истакна на денешната прес- конференција Тони Стоименовски , советник за ЛЕР од Општина Делчево, со овие манифестации Општината сака да го промовира брендот- пијанечка слива и сите преработки и производи кои се атрактивни за населението од овој крај, но и да ја збогати самата манифестација со учеството на еминентни имиња од областа на афоризмот и карикатурата.

– Општина Делчево е подготвена за двете значајни манифестации кои по традиција се одржуваат во месецот септември. Утре започнуваме со оддавање почит и положување свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и споменикот на Паднатите борци од НОБ, а во попладневните часови пред летната сцена на штандови ќе ги презентираме мајсториите на домаќинките во подготвување на најразлични специјалитети од сливите, но и печење на жолта сливова ракија по делчевски начин, рече Стоименовски.

Тој најави дека учество во овој дел од манифестацијата ќе земат локални бизнисмени кои се занимаваат со производство и преработки од сливите, сите училишта кои приготвуваат свои специјалитети, но и домаќинки кои на лице место ќе прават мармалад и слатко од сливи.
Манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“ ќе биде збогатена со 6-то издание на Фестивалот за афоризам и карикатура.

– Годинава на овој фестивал ќе учествуваат еминентни имиња од областа на карикатурата и афоризмот. Подготвивме и изложба на карикатури од Миро Ѓеоргиевски, „Черчил низ карикатура“, но исто така, афористичарите и карикатуристите ќе имаат можност да им објаснат на учениците како се црта карикатура и се пишува афоризам, рече Стоименовски.

Во рамките на манифестацијата ,Делчево организира и изложба на фотографии од Делчево низ историјата, а во соработка со локалните угостители и бендови ќе се обидат да го вратат Делчево во минатото кога бил актуелен боемскиот живот и старото корзо. Манифестацијата започнува утре попладне во 17 часот.

Би можело да ве интересира

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка