Ниту еден македонски универзитет на шангајската топ 500 листа

Од:

Ниту еден македонски универзитет не се наоѓа на академската ранг листа за 2013 која ја објави центарот за најпрестижни унивезитети од Шангај, Јиао Тонг.

Веќе една деценија ова рангирање претставува годишно презентирање на најдобрите 500 универзитети во светот, а истата ранг листа е признаена како една од најдоверливите. Според листата Универзитетот Харвард сеуште е најдобриот унивезитет во светот, а во топ 10 се наоѓаат и: Стенфорд, Беркли, МИТ, Кембриџ, Калтек, Принстон, Колумбија, Чикаго и Оксфорд.

Од регионот Загребскиот универзитет и Универзитетот во Љубљана се наоѓаат меѓу 401- 500 место, а Универзитетот во Белград е на подобра позиција и се наоѓа меѓу 301-400 место.

Во Европа, ЕТХ Цирих, кој се наоѓа на 20 место го зазема првото место и се смета за првиот унивезиетет од овој регион помеѓу светските Топ 20. Од Азија и Пацификот, најдобро рангирани се Универзиетото во Токио (21) и Универзитетот во Кјото (26), како и Универзитетот во Мелбурн (56).

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ