Ниту еден македонски државјанин не побарал помош за евакуација од Иран

Од:

Ниту еден македонски граѓанин на територијата на Иран досега не побарал помош од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), а шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, уверува дека сите ресурси се подготвени доколку има потреба од евакуација и покрај тоа што немаме резидентно дипломатско-конзуларно претставништво во таа држава.

– Во моментот од нас не е побарана помош од ниеден македопнски граѓанин на територијата на Иран – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој потсети дека МНРиНТ пред неколку дена објави повик во кој ги информира граѓаните дека не треба да патуваат во Иран поради влошената безбедносна состојба.

– Таму навистина има тенденција на влошување на безбедносната состојба и објавивме повеќе контакт-телефони од МНР и од нашата Амбасада во Анкара, Република Турција, кои може да помогнат да се мобилизира државата доколку постои потреба од евакуација на наши граѓани. Со Иран билатералната соработка не е на највисоко ниво, тоа го знаете, немаме резидентно дипломатско-конзуларно претставништво во таа држава, но сите наши ресурси се подготвени да ги ставиме на располагање доколку има потреба од евакуација на наши граѓани – рече Муцунски на новинарско прашање при посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Поради влошената безбедносна состојба во Исламската Република Иран, МНРиНТ завчера упати апел до македонските граѓани, кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат земјата при првите можни и безбедни услови. Истовремено, апелира и да се одложат сите патувања во Иран, кои не се неопходни.

Како што информираа од Министеството, веќе се ставени на располагање негови капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија преку 24-часовниот СОС-дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.

Би можело да ве интересира

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

ВИДЕО: Иран заплени десетици антени на „Старлинк“

ВИДЕО: Иран најави егзекуции и ги предупреди соседите дека ќе ги нападне американските бази

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Илјадници мртви и уапсени во протестите во Иран: интернет уште нема, Трамп се заканува

Македонците веднаш да го напуштат Иран, повика Министерството за надворешни

26-годишник ќе биде обесен утре во Иран без судење поради учество во протестите

Катерина Ѓуровски