Николовски: Општините да го следат примерот на Владата за рационално користење на буџетските средства

Од:

Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги повикува сите новоизбрани градоначалници да го следат примерот на Владата за донесување на одлуки за регулирање на начинот на користење на службените возила и трошоците за угостителски услуги за работни состаноци.

Локалните единици, се вели во соопштението од кабинетот на Николовски, тоа може да го сторат, преку општинските совети со донесување на посебни акти со кои ќе се ограничат средтсвата за репрезентација на градоначлниците и користење на службените возила.

– На предлог на кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, годинава се донесоа две одлуки кои се однесуваат на ограничување на користењето на службените возила и на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци. Овие одлуки се во насока на рационално и транспарентно користење на буџетските средства, се вели во соопштението.

Одлуката, стои во соопштението, за регулирање на користењето на службените возила веќе се применува и секое користење на службените возила за вработените претходно според точно утврдена процедура се одобрува.

– Целта е оправдано, наменско, рационално користење на службените возила, односно да не се користат возилата за приватни цели, информираат од кабинетот на Николовски.

Функционерите, се вели во соопштението, исто така, ја применуваат и почитуваат одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци и имаат точно определни износи кои смеат да ги искористат за угостителски услуги за работни состаноци, според точно утврдени критериуми.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски