Николовски: Фирми блиски до власта незаконски добиле тендер вреден 25 милиони евра

Од:

Денеска обелоденуваме уште еден скандал во рамките на МЗШВ. Тендер политиките на наградување на своите миленици од страна на власта немаат крај. До денес не ни е доставен одговор на нашето барање за увид во документацијата каде нов тендер повторно добиле „Трансмет“ и „Силекс неметали“, во сопственост на „Силекс АД“, каде што Михаил Цветков во исто време бил член на одборот на директори и министер, рече Љупчо Николовски – Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12.12.2015 година преку Бирото за јавни набавки објавило оглас за изградба на брана Речани на Оризарска река – општина Кочани.

Во Законот за јавни набавки во членот 26-а, став 2, постапката за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка, започнува врз основа на одобрение кое го издава Владата на Република Македонија.

Одобрението од Владата е добиено на 29.03.2016 година, 3,5 месеци после објавувањето на огласот.

На 28-ми октомври министерот Цветков ја потпишува одлуката за најповолна понуда за изградба на брана Речани на Оризарска река, општина Кочани, во висина од 1.593.378.335 денари или 25.908.590 евра каде што јавната набавка ја добиваат СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ СТ ДООЕЛ Кратово и ТРАНСМЕТ ДОО Скопје.

Прашуваме, зошто немаме добиено никаков одговор на нашето барање за увид во тендерската документација?

Зошто е објавен тендер, без да биде обезбедено одобрението од Владата?

Ги повикувам веднаш Државната комисија за спречување на корупција, обвинителствата и надлежните институции да покренат постапки и истраги!

За потсетување на јавноста, фирмите на кои им е доделен тендер од 25 милиони евра се во директна врска со главните медиуми кои ја поддржуваат власта на фамилијата и на обвинетиот Никола Груевски.

За сите криминални политики, ќе има одговорност. Секој што работел спротивно на законот ќе одговара.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат